Круг
Се започнува
од една точка чекорејќи по осветлената линија
понорот на
сиот вртлог повторно те зема од дното
угоре кон
самиот почеток,
и назад.
И да се тргне
во обратна насока,
со земени
чекори за напред,
како сила од
некаков внатрешен бран нѐ влече назад,
повторно од
истиот неиздржлив крај.
Проѕирната
оптика и темниот фокус вгнезден во неа
само го
примаат она што на окото му треба,
но залудно и
недоволно.
Линиите се
веќе предодредени и се што проаѓа низ нив,
сиот тој огнен
прстен што ги гори нервите од нашите зеници
дозволува
живот онолку колку што трае призорот
на белиот
светлосен жар.
И тогаш,
се осветлува
темнината во дното на нашите души
и сиот јад е
видлив и овековечен
како мртви
мурални силуети на стариот излитен ѕид.
Неизвесност е
да се помисли дека чекорејќи кон некаква неизвесност
ќе нѐ оттргне
од тркалезната патека.
Comments
Post a Comment