Спремност

Го земав тој фамозен фотоапарат од '66 та, оставен да посведочи за генерации. Нема батерија оти таква веќе никој не произведува. Оптиката е безпрекорна, Carl Zeiss, а капакот на батеријата е одамна изгубен.

 



Треба човек да се помачи за да го погоди кадарот и замрзне со вистинските параметри. 

Две пробни овој пат.

Состојба на задоволство при ручек, но немир и незадоволство на оној што ја држи в раце камерата. Црно-бело повторно, не колор.

Во меѓувреме, една чаша е испиена, следи втора, трета... повеќе не се бројат. А кадрите само врват. Насмевки, тага, несреќа, евентуална смрт.

Треба да се продолжи, мора да се продолжи. Орозот веќе е жежок, а бројот 1 одамна е надминат. Се редат кадрите, оптиката е ненаситна пред окото кое е фалично и с епредава пред мозочните заблуди. 

Тоа е едно контрадикторно пијанство помеѓу биологијата и механиката. Доведува до еден посебен однос на сетилата кај биолошкото битие и механичкиот створ. Чудна игра во која што обете повеќе не се чувствуваат неподобно, непотребно, излишно, празно и поразено.

Постои само состојба на лебдење, на взаемна неопходност и блажена корист.

Поентата е да се одржи таа состојба,  да се инспирира и одржи вознемиреноста и пропаста. Границите го надминуваат интерпункцискиот знак за „внимание!“

Се нижат кадри.

Се нижат халуцинации предизвикани од зелената самовила.

Само филмот ќе ја посведочи „вистината“.

Одиме до крајот!

Comments

Најчитани