Skip to main content

Posts

Featured

Дотраен развивач

  „Коцки“ Не сум пишал веќе подолго време.   До развивачот е.   Се развија веќе премногу фотографии, а квалитетот на развивачот потемнува со време. Колку повеќе потемнува развивачот толку подолго е времето на развивање една фотографија. Колку е понов развивачот, времето на развивање на една фотографија е пократок, а квалитетот подобар.   Хартијата за фотографија која најчесто се употребува за црно-бела фотографија е обложена со сребрен бромид или сребрен хлорид, или е комбинација од обете. Развивачот пак е комбинација од метол, фенидон, димензон и хидрокинон. Всушност, овие состојки се еден вид на презервативи за да спречат оксидација преку воздухот, алкални соединенија за да го активираат развивачот и состојка која го осигурува развивачот да делува само на експонирани сребро-халидни кристали. Главните карактеристики на развивачот се активност, брзина на развивање и ефектите на градацијата, количество на зрно и острина што филмот ги дава.   Кога ќе се истроши развивачот

Latest Posts

Долга експозиција

Измивање

B (bulb)

Експозиција