Ороз

Глатко легнува на папилиите на показалецот

и сето студенило на овој свет

го восприма до коскената ми срж.


Ако останам на студенилото

никогаш не ќе ја допрам со блендите од очниве шуплини

испејсажираната кобност на твојата убавина

која во бол гледам како си оди

на хоризонтот.


Ако притиснам на орозот со топлината на прстот

ќе го меморирам сиот беспрекорен кадар

и сета топлина ќе ја пренесам на белото парче хартија

напрскано со црни контури.


Еден од нас умира за дел од секундата.


Јас во просторот

губејќи ги твоите кадри,

Ти на парчето хартија како меморија на загубеното времеи и живот.

Но и во двете состојби,

Јас те губам,

а орозот победува и пресудува

сечејќи го животот на полу 

при веќе определен избор.

Comments

Најчитани