Осветли ме ...
... Секоја светлина носи со себе и долга темна сенка....
| „Момент на интима - Жана Дарк“ - Photo by, Vlad_R_Duck |
Сети се кога си била млада
И кога моето сонце те греело непрестајно низ твојот внатрешен мрак.
Свети сега ти луд зраку што мртвиот мој труп го покриваш в мир.
Ти светлино остра
Што како дијамант сече и низ најстудените нерви на моиве истенчени
мозочни ќелии,
Прошетај се мирно како низ градина елисејска
И рај пружи
Секому чија што душа в немир
Туѓа сила слободата ја одзела.
Тргни го од плеќиве на мојот јалов брод
Чие кормило нема правец
Оној челичен јарбол
Продуван од железни ветришта
И дај ми правец
За душава моја
В преграб да влезе
Во блаженство твое
И сиот мир ти го пружи
За поколенија твои
Го засечат овој суров свет
И нова надеж дадат
За не сигурниот патоказ
Што бесцелно породот јалов
В смрт ги води...
Comments
Post a Comment