1.

 Се започнува со бројот еден. За говорот од усната шуплина ја означи состојбата што го определува почетокот...

... и крајот.



На мерните инструменти што ја фаќаат светлината дури и чкрапецот го означува поместувањето и фокусирањето на блендата, за да се собере доволно снопот на светлина и разјасни состојбата означена на термниот наречен „филм“. Еден чкрапец од орозот... Првиот кршум, првата промена пред зрното да ја допре слепоочницата, првиот мирис на барутот, првата чаура што ќе заѕцецкоти на плочникот... Првата капка крв на подот и првиот трескот на главата од што туку умртвениот труп на студениот бетонски под.

Така твори твојата бленда. Еднаш, секундарно, вистински и моментално.

Безбојно, во црно-бели нијанси и сите тие премини од црно кон бело со студените пропратни сиви нијанси. Колку ќе се отворат механичките зеници за оптиката да ја прими светлината во домот. Колку ќе се отвори блендата на утринското заоблачено сонце, покриено со нацицаните нимбуси со влага и траорна пот. 

И се така дури се спреми кадарот за да се повлече орозот на тоа огнено оружје. Да се испука како при истрел тој деликатен отвор каде што ужасната светлина ги убива хемикалиите на филмската лента и остава јасни траги за извршен грозоморен злостор. Интересна работа е што од црно-белото до колорот, разликата е само протек на време и развој на технологија. Крвта секогаш била црвена пред нашите очи и сетила, но првично, филмот ја правел исклучово темна и горка. Фантастично е како развојот на технологијата за филм испеала да го посведочи и преслика сивилото и црвенилото на смртта онака како што окото го гледа тоа...

... вистински.

... И се така до кинење и осветлување на филмот. До негово тотално уништување... 

Comments

Најчитани