За врнежите

Мислите се како капки дожд.




Потребно е само да се насоберат купишта водена пареа и вода среде количество на сув воздух. Да ја нарушат стабилноста на стратусите и просторот во тоа надуено сивило од водена маса која во секоој момент е спремна да потои сѐ под себе.

 

Капките носат сѐ со себе што воздухот, ветриштата и небото дале. Киселост, која е така суптилно скриенан во дождовницата што на најжедниот му го превртува мевот од болка.

 

Истураат на површината носејќи и покривајќи сѐ. Ги брануваат водите, се мешаат со калта, нечистотиите и ѓубрето. Измиваат прашина го и гаснат огнот.

 

Кога ќе престанат, како и дождот, оставаат траги како засушени дождовни капки на прозорците после бурниот порој. Создаваат бразди под очите и на образите, лузни во погледот. Калта не ја измиваат низ улиците од дишните патишта па дури ни контролираното дишење, небаре тивок ветар, не ја сопира траумата од предизвиканата бура.

 

Саѓето барем ќе го дувнеш, ќе се спои со розите од ветрот и ќе се одвее некаде далеку, но трагата на овие дамки ја нагризува површината, како киселиот дожд бетонот, и трајно останува запишана во корпусната меморија.

 

И само тогаш минатото и иднината се среќаваат во сегашноста, во тие дамки на прозорецот, низ линиите на лузните, помеѓу пукнатините од браздите и чекаат немирно да им бидат откорнати клинците од сивото распетие.

Comments

Најчитани