Помеѓу ралноста и сонот

Не поминува ниту една црна дамка додека чекорам по белиот асфалт. Паметот ми вели дека асфалтот е црн, но призорот пред мене како да пружа приказ на белило под моиве, веќе одамна изморени, стопала. 



Дали можеби експозицијата што зениците се обидуваат макотпрпно да ја доловат е недостижна? Невозможна? Или пак очниве капаци сакајќи да ја тргнат прашината што нечистиот воздух ја создава над нив, му поречуваат на очниот нерв да испрати сигнал за по вешто да те долови таму некаде во хоризонтот.

Знаеш...

Не гледам јас добро. Како би можел да препознаам црно од бело, покрај толкаво матнило што сиот простор го сокрил. Божем, како што велат, од дрвјата шумата не се гледала...

Но мразам такви мудрости, оти токму тие ја матат бистрата вода, па сета светлина ја препелкаат и не ѝ даваат мир да може барем малку да се скроти себе си... Да ја скроти темницата против која се бори да и фрли барем мал последен зрак светлина.

Честичкиве од темна материја насобрани околу мене веќе премногу ја насобрале сета гравитација. 

Биди барем малку црна дупка во сиот овој суров простор, та можеби барем тогаш ни ти светлино не ќе избнегаш од фокусот што ми е потребен како извор за мојава материјална ништожност.

Ништо освен вакви зборови не знам да подарам. Се во мене е бавно, оти ништо не проаѓа како што ти поминуваш со таа твоја константна брзина.

Се надевам дека се тоа ќе даде смисла на постоењето на просторот околу нас и барем малку ќе фрли светло на промена и ќе го оформи кадарот што пред себе и за себе се обидувам да го доловам. Јалово, но потајно знам дека не можам никако да му дадам форма и содржина.

Мислам дека е до апаратчикот во мене.

Само времето ќе покаже... Тоа знае се. 

Comments

Најчитани