Исповест од сенките
| photo by, Vlad_R_Duck |
Се обидувам да погледнам со твоите очи,
Да ги наметнам над моите, долгите трепки твои
и сета прашина што надвиснала над мојот заматен визир
да ја заменам со твојата јасна слика за светот што не го гледам.
| photo by, Vlad_R_Duck |
Можеби тоа ќе ми го сврти вниманието
од оние ефтини напивки чии што високи промили ми ја ретчат веќе зовриената крв
та небаре пластична кукла среде ефтин излог
те гледа тебе, Вас,
таму помеѓу сенките,
во твојот, Вашиот живот,
со разиграност и обоеност полн,
распространет на тие непрегледни диви рамници плодни,
разлистан, раздивен и разшумен од ветришта силни низ тие дивини недопрени.
И сѐ така, додека мојот поглед беден и сив,
во кукавичко гнездо со пранга околу врат и машина наместо око на главата,
ко сениште ни да мрдне
в пусија како истрел да умре е спремен.
| „Од заседа“, photo by, Vlad_R_Duck |
***
Фотографирањето е како лов од сенки.
Чекање на пленот да се појави.
Да се убие филмот, а не пленот.
Пленот секогаш останува жив, ведар и разигран, а фотографот е само нем сведок за она што тој никогаш како фотограф нема да го има - туѓиот живот и туѓата динамика.
Comments
Post a Comment