Мистериозни форми

 

Што и да се погледне преку визирот на камерата се гледаат форми во намален размер. Во намален размер тие форми се пресликуваат и на филмската лента. Реалниот размер на формите е оној пред камерата што секогаш го гледаме и сакаме да го овековечиме.

 

Микрокосмосот е она што се втиснува на филмот како резултат на отворањето на блендата и пропуштањето на светлината врз филмот.

 

Тоа е веќе јасно.

Исто како што е јасно дека движењето на формите не може во целост да ги фати нашето око, па само пропуштената светлина, како нежен сатен ги шие и најситните детали што рецепторите се измачуваат да ги фатат.

 

Така е со светлината.

Таа е пред нас, а во нас, заробена како коцка, во мал механички простор чии фотони си поигруваат со нашите чувства со она што ни е невидливо во срцата.

Mystery box, photo by: Vlad_R_Duck


***

Куќата во мене се распаѓа секој ден пред моиве уши

За сите внатрешни крици да прават водопад од солзи по моиве образи.

Веќе одамна мојата волја е исчезната, но ти си тука за да ме чуваш под твојот преграб

Затоа што ми требаш пред замаглувањето на моите дни.

Деновите доаѓаат и доаѓаат  само за да не држат во далечина

Небаре ме потсетуваат на сите скршени ветувања

Или пак запоставени чувства.

 

Мистерија ми се сите улици,

Сите ноќи кога од мисливе лудоста секојдневно те граби

Затоа што јас веќе живеам во ноќта на мојата куќа

Што дури и сиот мрак ми ја одзеде.


Mystery house, photo by: Vlad_R_Duck


Comments

Најчитани