Ѓаволот е во деталите
Ѓаволот е машки род, престорен во жена.
| Tia-Doll „HIM“ - photo by: Vlad_R_Duck |
Извајана андрогена визура на линии што ја отцртуваат сцената пред која немо и беспомошно коленичам со скаменет поглед небаре горногските јазици го скамените моево срце.
Похота.
Немирно ги предизвикува моите сетила танцувајќи со сета убавина низ сета моја паника дури не ми се соберат во едно моите чувства кон тебе.
Ја посведочувам убавината што долго извира од твојот драматичен танц пред сите сведоци што се околу мене и пред тебе, што си ги маѓепсала да го викаат во занес твоето име.
Луцифер.
Но ако Луцифер значи „Просветление“, тогаш ти си моето светло во сета најцрна и најдлабока темнна на мојот мизерен живот.
***
Можностите на црно-белиот Илфорд Пан-100 се неверојатни.
Иако неговиот капацитет за фотографирање е ограничен ,бидејќи е наменет да постигне најдобри резултати при надворешни услови, евентуално да се искачи на 200 аса во внатрешни услови при нормална дневна светлина, сепак ако се „турне“ десет пати повеќе од неговите можности резултатите се неочекувано прекрасни.
Овој пат наместо на стандардните 100 аса, го искачив на 1000. Филмот беше со истечен рок на 24.10.2025 година, но за неколку дена, до 31.10, и не прави некоја огромна разлика. Впрочем, претходните фотографии прикажани во последните постови се исто така фотографирани со истечен филм од една година, а резултатите се подеднакво одлични.
Ѓаволот е во деталите. Хемијата е иста, а времето на развивање двојно.
Неопходно е да се користи блиц, добар објектив што може и најситни детали да прилепи, УВ-леќа и директна светлина кон субјектот.
Танцот помеѓу хемијата, светлината и субјектот понатаму го чинат своето.
***
| Tia-Doll „HIM“ - photo by:Vlad_R_Duck |
Да не знаев дека си ѓаволеста, не ќе знаев за ангелот во мене што те посакува и бара со очиве да те вреже во кадарот на мојата меморија.
Comments
Post a Comment