Огледало

Одраз, photo by:Vlad_R_Duck

 


Субјектот што го фотографираме никогаш не може да го види својот одраз на стаклото од објективот.

Објективно, леќата е многу мала и е далеку од субјектот, но и затоа што таа е конвексна.

 

Ја прима секоја точка од субјектот пред нас и ја фокусира внатре во малата црна кутија, се до крајниот рецептор. И не, тоа не е нашето око.

 

Одразот на субјектот врз филмот, всушност е наш одраз на она што сакаме да го видиме во субјектот за нас.

 

Субјектот пред нас е дел од нас.

***

Погледи, photo by: Vlad_R-Duck


Би сакал да погледнам она што ти гледаш во внатрешноста на хоризонтот

Таму некаде каде што крајната точка се допира со длабочината на твоите заводливи очи.

 

Немам ништо повеќе во себе освен желбата да видам подалеку од она

Што веќе ниту моиве прсти умеат да го допрат

А најмалку дното на моето око е способно да прими.

 

Би сакал да ме научиш како да го видам онаму

Каде пред сиот свет стојам како инвалид

И неподвижно тонам во својата пропаст.

 

Би сакал барем еднаш

Како двајца туѓинци шетајќи низ обична празна улица

Да се разминеме несмасно

И како при искрена шанса да се сретнат одделните погледи,

За да погледнам дека јас сум ти

И она што навистина го гледам сум јас.

 

Би сакал...


Comments

Најчитани