Кристин Даѐ и Фантомот

 Подготовката е важна.

„Естела-одраз на окото“ - photo by: Vlad_R_Duck 


Не е доволно да се земе само фотоапаратот, да се намести филмот, да се има резерви филм и при рака да се стават неопходните објективи и леќи.

Вистинската подготовка бара поголем напор. Секако, со дигитален фотоапарат работата е нешто полесна бидејќи секое повлекување на чкрапецот мултиплицира фотографии кои можат во истиот момент да се погледнат и избришат. Наместените параметри речиси секогаш се автоматски и не бараат преголем напор. Адаптацијата кон средината е автоматизирана, па малите игри со она што сцената ни го дава на располагање се работа на креативност.

Она што е заедничко за аналогниот и дигиталниот пристап се мозокот и окото.

Овие два органи се единствените, вистински дебначи. Воајери. 

Тие посакуваат.

***

Би умрел ако не те зграбам.

Не знам дали наивноста ми е патетична перпетуелна навика која ми ја измачува поганата душа, или пак окото и умот си поигруваат со сите мои дразби за да ги чинат моиве дланки наросени од возбуда.

Еден момент да украдам и ќе те врзам за филмот. Сите твои крици, сета твоја гротеска и драма што на сето мое сивило му дава вешт контраст.

Посегнувам по чкрапецот, И!

Dramatique - photo by:Vlad_R_Duck



Comments

Најчитани