Wednesday
Поглед, photo by, Vlad_R_Duck В погледот твој студ, А дланкиве мои држат коцка мрак. Кого го заспиваш, а што будиш со острите темни очи Што сета белина ко продорен враг Ја сечат низ времето Кое низ брзи микросекунди минува низ моиве очи . Понекогаш си мислам Дека јалово ја држам во дланкиве Сета оваа проста апаратура, В јад се надевам да го фатам сиот твој копнеж, Сета твоја овоземска динамика, Оти ти веќе си длабоко навлезена во сите вистини и причини За она што филмската лента се обидува да го вреже. Погледи, photo by: Vlad_R_Duck Живеам во време на заблуди. Лични, отровни... Ништо од мене Ниту црно, ниту бело, Сал сивило од плач без утеха Не ќе допре до тебе Да го стопли сиот студ во мене. Своето со чкрапецот од машината за тебе го возљубив, Но моето на земјата го напуштив. Погледи, photo by: Vlad_R_Duck