Знаеш ...
Цикада (Cicadoidea), Photo by: Vlad_R_Duck |
Знаеш,
огнот е најсилен кога орозот ќе ја притисне иглата,
а иглата ќе го запали барутот во чаурата
за да го истрела зрното...
Знаеш,
првата искра од чкрилецот
предизвикана од триењето
најмногу жари по кожата на прачовекот кој штотуку ја осознал вештината за создавање
оган.
Знаеш,
жештината на астероидот не е најголема
кога удира во тлото на плодната почва
и кога сее смрт на сите живи битија,
туку кога влегува во атмосферата и согорува.
Знаеш,
Огнот во сонцето не е најсилен кога тоа нѐ грее, испуштајќи ги своите пламени јазици,
туку во невидливата точкакога првиот атом ќе експлодира
и ќе почне создавањето на таа вжештена топка.
Знаеш,
Пеколот во љубовта не жежи најболно
додека таа трае, а потоа умира,
туку кога се открива...
... создава.
Comments
Post a Comment