Убиј ме
Наместо воведна реч...
... Замрзнувањето на кадарот при фотографирање на секој чин, акт или дејствие пред нашите очи, претставува моментална смрт која е фатена на филмот за дел од секундата.
Тој чин посведочен во дел од секундата го оневозможува континуитетот на трагедијата која што камерата се обидува да го фати.
![]() |
| Последен истрел |
***
Ти
коленичам,
Распарај
ме одвнатре со твоите високи тонови
Како што
жиците ги кинат сите звуци низ ехото на оваа самотија што душава траорно Го
кине секое ткиво на моето битие.
Извади ги
сите теми што ги чинат моиве основни создателни клетки
И дај им
смисол во овој бесмислен глупав свет
Исполнет
со сурови немилосрдни битија
Што чинам
и солзата
ќе ми ја земат само да добијат парче среќа среде ова лудило што сонот ни го
опива...
Твој и
мој...
Бесрамно
излажи ме
Укради се
што има ова мое битисување на овој свет.
Приграби
го бесчујно,
Лакомо,
Како
сокол грабливец среде поле полно мрши.
Издигни
се високо и земи се што преостанало во мене
Дај му
значение за твојата крв
И однеси
го потаму
Отаде
преку брегот на Стикс.
О лажи го
ти Карона бродарот
И излези
бесмртна со се што мојот неуспех како учение тебе в срце и памет ти дал
И посеј
го семето во почвата твоја ровка
За плод во тебе да никне
И сиот
живот на овој бесрамен загноен свет
Го даде,
Та без
сивило и трулеж
Му дариш
смисол
Онаму
каде што бедните се жедни за мир,
А
гладните за љубов.
Оти
мојата ништожност
Погази сѐ
Уби сѐ
И само во
Адот клет милост остана да бара
За трупот
мој упокој да има,
А душава
моја
Бесцелно
да не остане низ овој сиров свет
Туку тебе
в гради надеж да ти даде
За челад
нова алов бајрак
Среде
пустелија
Сува
земја вода да напои
Род да изроди
Пород да изгледа
Нов свет
да изникне...
А за
мене...
И смртта
само благодет да биде
Низ
морско синило
Да плови ко бескраен морнар низ бури
небесни.

Comments
Post a Comment