Да се начини...
фото: Vlad_R_Duck - Галичица 2024 |
Да се оди по раскопан пат?
Да се трча ли по удолница, или да се турка камен по угорница стигнувајќи до врвот,
за повторно назад да се бега трчајќи од карпата што сме ја дотуркале угоре?
И да ме земат во пеколот
Затоа што сум ги начинил сите 10 грева Божји,
И на жезол врел низ тело жив да ме набијат тајни одмазнички хашашини
чија Вера сум ја испоганил и на Гласникот Божји родот сум му го сквернавил,
И в котел од бик бронзен телово да ми го варат до лелек Критјаните ко Елин да сум,
А по ними и Римјани бесни, небаре варварин Келтски,
Дури и Варјази северни на плеќиве распнат
крвав Гавран ми причинат ко дар за Одина,
додека последниот здив ми излегува од телово мое...
... Јас пак при првиот крик ќе те повикам тебе...
... твоето име...
Грев дури ти чинам со поглед ќе умрам гледајќи тем
Убиство дур на себе врз плеќи го носам
за душава што сум си ја убил и продал другему...
... Јас пак низ здив...
...Здивот твој во мене, повторно ќе го издишам...
И на магаре наопаку, гол среде улици градски
жени да ме плукаат, татковците ќерките да си ги кријат и в црно завијат,
за да не ги префати ко чума срамот мој за себе...
...Јас повторно низ солза тебе во далечините ќе те видам,
Низ збор ќе те изустам,
Преку насмевка ќе те побарам,
Преку смрт, живот тебе ќе ти дарам....
Comments
Post a Comment