Дотраен развивач
„Коцки“ |
Не сум пишал веќе подолго време.
До развивачот е.
Се развија веќе премногу фотографии, а квалитетот на
развивачот потемнува со време. Колку повеќе потемнува развивачот толку подолго
е времето на развивање една фотографија. Колку е понов развивачот, времето на
развивање на една фотографија е пократок, а квалитетот подобар.
Хартијата за фотографија која најчесто се
употребува за црно-бела фотографија е обложена со сребрен бромид или сребрен
хлорид, или е комбинација од обете. Развивачот пак е комбинација од метол, фенидон,
димензон и хидрокинон. Всушност, овие состојки се еден вид на презервативи за
да спречат оксидација преку воздухот, алкални соединенија за да го активираат
развивачот и состојка која го осигурува развивачот да делува само на експонирани
сребро-халидни кристали. Главните карактеристики на развивачот се активност,
брзина на развивање и ефектите на градацијата, количество на зрно и острина што
филмот ги дава.
Кога ќе се истроши развивачот, квалитетот на
фотографијата се намалува, или во најмала рака, потребен е подолг проток на
време за да се добие посакуваниот квалитет.
Штом се истроши развивачот, се прави нова смеса.
И сѐ така одново.
***
Сѐ тоа е една хемиска игра помеѓу светлината и
темнината. Игра со веќе однапред поставени правила на интеракција, врзување,
одбивање, тензија, фиксација, пропаѓање и одново создавање.
Изморен сум од неа. Сакам надвор од играта. Не ми
се игра повеќе.
Но, Бог не си игра со коцки.
Comments
Post a Comment