Коски

 

Нагризен череп од волк, 20х30, Проект „Коски“, Микеле Перо 2022

Во Хамлет, кога Офелија се самоубива, пред двориштето на црквата каде што се наоѓаат гробиштата, двајцата гробари разговараат дали Офелија треба да биде закопана во дворот на црквата, бидејќи нејзината смрт е неоправдана според црковната логика. При разговорот, првиот гробар го прашува вториот:

Што е тој кој што гради посилно од секој градител, бродоградител или столар?

Вториот му одговара дека тоа сигурно е мајсторот за бесилки, бидејќи бесилката и јамката на неа можат да издржат и надживеат илјада „корисници“.

На тоа, првиот му одговара поправајќи го дека всушност тоа е гробарот, бидејќи неговите „куќи“ траат сѐ до Судниот ден.

Во меѓувреме доаѓа Хамлет со Хорацио и гледа во купиштата черепи што двајцата гробари ги ископале, шпекулирајќи дека можеби станува збор за череп на некој правник. Каде се сега неговите карактеристики?

Хамлет ги прашува гробарите чиј гроб копаат. Гробарот се надитрува со Хамлет велејќи дека гробот му припаѓа нему, бидејќи тој го копа, за потоа  да каже дека не припаѓа на ниту еден маж и на ниту една жена, бидејќи мажите и жените се живи битија, а закопаниот во гробот е веќе мртов. На крај, гробарот ќе признае дека гробот е за една жена.

Зема еден од черепите кои лежат на земјата, а гробарот, незнајеќи дека разговара со принцот Хамлет, му вели дека тој череп му припаѓал на Јорик, дворскиот шут на Кралот Хамлет. Хамлет се навраќа во детството кога Јорик бил жив, за во истиот момент да дојде поворка со Клаудиј, Гертруда и Лаерт, кои го носат телото на Офелија, спремно да го погребаат. 

Ужаснат и во агонија се пушта на поворката, тие го прогласуваат за луд, по што си оди од сцената во бес.

 

***

 

Меморијата е гробар.

Таа се врежува на црно белата хартија и го јадосува духот кој веќе исчезнал од неа, та само костурот останал. Копа одново и одново, на местото каде постоеле стари и излитени коски, натрупувајќи нови да затрулат и отфрлат.

Фотографијата не е манипулацијата која ѝ е пружена на меморијата, туку меморијата е манипулацијата врежана на парчето хартија.

Само враг и прав на парче хартија.

 

Болна шега.


Инзвонредни трупови, 40х50, Стив Ловгрув



Comments

Најчитани